Wednesday, December 7, 2011

Клети турци

Никогаш сум немал негативни чувства кон Турците. Да, го окупирале целиот Балкан и пробувале да го уништат локалното население со векови. Но, тоа се случило во период кога сите го правеле тоа. Модерна Турција освен народ и локација нема ништо заедничко со Отоманската империја, сепак имаат различно политичко уредување, различен менталитет. Тоа се смени откако рамковизиите (множина зашто при смртта на Рамковизија Канал 5 и Сител очигледно попримиле дел од нивната душа и научиле нови зборови) почнаа да претеруваат со турски сапуници и пропаганда. Толку туркање неизбежно создава контра ефект.

Немам ништо против шпанска серија од време на време, но ова е претерување... Како и на сите други полиња и во забавата ние како држава очигледно немаме капацитет за независно размислување. По долгогодишно труење со шпански серии откако некој реши да ја донесе „Касандра“ се префрливме на труски, очигледно поевтини, серии. Приказните се исти, но во шпанските серии барем имаше повеќе од три гласови на телевизија. Сериозно, сум слушал аудио книги читани од еден човек без чувство дека зборува само еден човек нешто што на рамковизиите не им успева.

 Империјата на поробувачите во 1683 кога била најголема


Сега на Рамко 5 најавија серија за некојси Суљо. Не се сомневам дека во Турција истиот е „Величествен“, но овде не може да биде ништо повеќе од тиранин. Сапуница сместена во шестнаести век е сепак сапуница. И не знам дали е до Турците или до Рамко 5 ама според најавата, слабо истражена сапуница. Овој „величествениот“ никогаш не го „освоил светот“, ни па бил „водач на најголемата империја“, таа чест му припаѓа на Џорџ V, дедото на сегашната кралица на Британија. Евентуално, ако не го признавате британскиот колонијализам како „империја“, тогаш водач на најголемата империја е Кублај Кан.

Како што може да се види, за жал, премногу често во државава, младите луѓе имаат многу слаб карактер и премногу лесно и премногу често запаѓаат по Пинки, Шваба, Џек Бауер, Пола Календар, Мамати и наскоро Суљо. Суљо кој 46 години бил тиранин чии потрчковци убивале, киднапирале и силувале на Балканот, практика од која не биле поштедени и Македонците. Значи, кога ќе го гледате Суљо како се лигави за некој проблем (сапуница е, мора да има барем една сцена во која главниот лик ќе се расплаче), сетете се дека поради него и таквите како него луѓето на Балканот плачеле секој ден.


Наместо да трошат пари (иако претпоставувам дека турскиве серии ги добиваат „три за сто“) на глупости, нели би било попаметно рамковизиите да инвестираат во оригинална македонска серија? Имаме способни писатели, имаме способни режисери, најверојатно можат да се соберат десетина колку-толку способни актери. Нема да биде најголемата продукција, најверојатно нема да привлече внимание во светот, ама може да биде нешто со што Македонците ќе се гордеат.

Еве ви дури и идеја - Серија која паралелно ќе го следи животот на дедо и внук, едниот додека се бори против турци/грци/срби, другиот против германци/италијанци/бугари/балисти. Направете ја без да ве боли курето што ќе мислат соседите, па да видиме колку од нив ќе ја пренесуваат (натсинхронизирана или не) на нивните телевизии.

0 comments: